„Викаше помош, па набргу исчезна“, синот на глумицата Наја Ривера откри детали за смртта на мајка си

Ѕвездата од серијата „Гли“, 33-годишната Наја Ривера, трагично загина во јули кога се удави во езерото Пиру во Калифорнија во обид да го спаси својот четиригодишен син Џоузи.

Ривера најмила брод и заедно со Џоузи отишле на пливање.

„Пред да скокнеме во водата, броевме до три“, им кажал малиот Џоузи на истражителите што се случило пред мајка му да се удави.

Ривера веднаш побарала од него да се врати, а таа му помогнала да се качи на чамецот.

„Потоа почна да вика помош и мавташе со раката во воздухот надевајќи се дека некој ќе ја види. Бргу потоа исчезна под водата“, е напишано во извештајот на истражителите.

Во него исто така пишува дека сопственикот на компанијата, од каде што Ривера го изнајмила чамецот, им понудил и елек за спасување, но таа го одбила.

Сепак, и покрај тоа, тој го ставил елекот во чамецот, а неговите тврдења ги потврдила и полицијата. Мајката на Ривера изјавила дека ќерка ѝ знаела добро да плива.

Полицијата ја потврди причината за смртта на Ривера. Таа се удавила, а службите случајот го навеле како несреќа. Нејзиниот поранешен сопруг Рајан Дорси на социјалните мрежи напиша емотивна порака.

„Ова не е чесно. Немам доволно зборови со кои би ја изразил празнината што ја остави во нашите срца. Не можам да верувам дека животот ќе ни продолжи без неа“, напиша, меѓу другото, Дорси и додал дека само еден ден пред да исчезне, тој пливал со неа и нивниот син.

 

Scroll to Top