Викторија Бекам го вработи синот за новата модна колекција

Викторија Бекам го вработи својот 19-годишен син Бруклин, и тој сега има обврски околу нејзината нова рекламна кампања. Тој ќе биде заштитно лице на нејзината нова модна колекција.

44-годишната дизајнерка не ја крие желбата да работи со својот син и е уверена дека тој ќе влијае со својот уникатен вкус на кампањата.

„Одлуката на Викторија да му ја довери оваа задача на Бруклин може и да е изненадувачки за многумина во модните кругови, бидејќи тој е премногу млад и му недостасува искуство. Таа не се возбудува од скептиците и смета дека за него тоа ќе биде фантастично искуство. Викторија верува во истренираното око на својот син и се радува на неговата младост. Таа редовно се консултира со него за проектите и презентацијата“, вели извор од опкружувањето на дизајнерката.

Scroll to Top