Додека нејзините колешки од „Спајс грлс“ се подготвуваат за враќањето на сцената, Викторија Бекам е на работа во Париз.
44-годишната дизајнерка беше фотографирана во модерно издание за време на пристигнувањето во француската метропола. Црвената облека е од нејзиното ателје, обувките се со потпис на Маноло Бланик, а очилата на Селин. Бекам секогаш е шик, пишуваат медиумите и ретко кога греши во модните комбинации.