Кога беше во групата Спајс Грлс, Викторија носеше ултра кратки фустанчиња, а неретко настапуваше и во градник. Но откако и се посвети на дизајнерската кариера, таквите компинации станаа минато за неа.
43 годишната Викторија Бекам објави фотографија на која е во опуштено “домашно издание“. Мокра коса со лицето кое е покриено со четка за шминкање, а на себе има само градник. Поранешната пејачка покажа како става се шминка со шминките од брендот со кој соработува.
Поранешната спајс грл има покажувано и помало деколте. Викторија после раѓањето на синот Бруклин во 1999 година со два броја поголеми гради, а операцијата ја плати 10.000 фунти. Иако тогаш не сакаше да признае дека има силикони, во 2011 година изјави дека и е жал што не ги зголемила.
– Глупо е што со години не сакав да признаам дека сум ги зголемила градите. Тоа беше знак на несигурност. Само треба да бидеш задоволен со она што го имаш, изјави Викторија.
Од силиконите Викторија се ослободи во 2009 година, но после раѓањето на ќерката Харпер, повторно стави помали импланти како градите би и изгледале поцврсто.