Дејвид и Викторија Бекам вчера рославија 19 години во брак. Двајцата на своите социјални мрежи објавија иста фотографија од романтична вечера во ресторан во Лондон со која си ја честитаа годишнината. „Вау, 19 години… Пред 19 години на овој ден носев пурпурен костум. Среќна годишница на најневеројатната сопруга и мајка“, напиша Бекам покрај сликата која собра преку 3 милиони лајкови.
Пред само неколку дена светските медиуми пишуваа дека Дејвид се иселил од нивниот дом и дека веќе неколку месеци не живеат заедно.
„Ништо од ова не е точно. Нема ниту развод, ниту караници, само лажни вести по медиумите“, изјави портпаролот на Викторија.
Дејвид и Викторија се заедно од 1997 година, а се венчаа 1999 година. Двојката има четири деца, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.