Вил Смит ќе стане најголем светски таен агент

Актерот Вил Смит ќе игра во улога на таен агент во „Шпиунажа и камуфлажа“, анимиран филм на кој ќе работи Blye Sky, компанија која е позната по освоениот Оскар за „Ледената доба“.

Супер шпионот Ленс Стерлинг лик кој го позајмува гласот на Вил Смит и научникот Волтер Бекет (Том Холанд) се целосно спротивни карактерни личности.  Ленс за разлика од Волтер е угледен и опуштена личност.

Волтер надокнадува со својата интелегенција и иновации, создавајќи супер уреди кои Ленс ги користи на своите легендарни мисии.

Во еден момент и двајцата ќе мораат да научат да соработуваат, затоа што во спротивно, целиот свет ќе биде во опасност. „Шпиунажа и камуфлажа“ е анимирана комедија сместена во светот на интернационалната шпионажа.

Студиото сега прави филм сосема различиен од сите кои досега ги има снимено. Blye Sky е позната по снимањето на семејните филмови, но овој пат се реши да отстапи од нивната вообичаена продукција.

 

 

 

Scroll to Top