Вил Смит му ја украде славата на Итан Хоук

By

Итан Хавк требало да го глуми главниот лик во еден од најголемите акциски филмови во 90-тите години „Денот на независноста“, на местото на Вил Смит, во улогата на капетанот Стив Хилер. Сепак, Хавк го одбил  ангажманот под изговор дека сценариото било глупаво.

dobivaj vesti na viber

Хавк за време на гостувањето во шоуто кај Конор Обрајан објаснил дека сценариото го читал додека возел и во истиот момент го фрлил преку прозорец.

„Му го читав сценариото на еден мојот пријател и му реков дека ‘ИТ сака да телефонира дома’ е глупава реченица“, се присетува Хавк.

Кога филмот излегол во 1996 година, актерот се одлучил да го гледа филмот во кино. Многу брзо сфатил дека направил голема грешка.

„Сите сакаа да го гледаат ‘Денот на независноста’. Си помислив, ок, ќе биде забавно да видам колку е лош. Влегов во киното, кое беше очигледно преполно. Вил Смит ја кажува реченицата со ИТ, а сите се смеат и аплаудираат во салата. Седев таму и си помислив, о Господе. Навистина не ја сфатив шегата“, изјавил Хавк.

„Денот на независноста“ е филм со најголема заработувачка во деведесеттите години, со приход од преку милијарда долари.  Покрај тоа, го етаблираше Вил Смит како акциска ѕвезда која во претстојниот перид почна да глуми во голем број  хит-филмови.

За споредба, кариерата на Хавк по оваа понуда драстично ослабела. Денеска тој се држи главно до помали улоги и има по некој блесок во блокбастерите.

Ќе ви се допадне