Вил Смит требаше да те удри посилно, му рекоа фановите на Крис Рок откако кажа шега за мртва жена

Фановите го критикуваа американскиот комичар Крис Рок откако кажа неумесна шега за убиената сопруга на О Џеј Симпсон, Никол. Крис рече дека не сака повторно да биде водител на Оскарите и објасни дека тоа е како од Никол да побарате повторно да се врати во ресторан.

Никол беше избодена до смрт во 1994 година, а пред да се случи злосторот вечерала во ресторан. Многу фанови на социјалните мрежи не ја примија шегата и сметаат дека е невкусна, исто како и онаа која ја кажа на Оскарите за сопругата на Вил Смит.

„Вил Смит требаше да те удри уште посилно. Крис Рок штотуку се шегуваше со мајка на две деца. Сиднеј и Џастин ја сакаа мајка им, но, овој тип мисли дека е во ред да се шегува на овој начин. Уште една жена која му послужи за неговите вицови. Вил Смит простено ти е. Мислам дека можеме да заклучиме дека Крис Рок е грозен комичар. Една лоша шега по друга. Нико Браун Симпсон не беше само убиена, туки и декапитирана“, му рекоа тие.

За потсетување, Вил Смит за време на Оскарите годинава му удри шлаканица на Крис Рок, откако се пошегува на сметка на ќелавоста на неговата сопруга Џејд. Глумецот неодамна му се извини преку видео, но Рок смета дека не е искрен. Тврди дека извинувањето било само во негов интерес за да си го поправи имиџот.

 

Scroll to Top