Вилијам и Хари на ист настан, но во различно време

Принцот од Велс, Вилијам и војводата од Сасекс, Хари ќе присуствуваат на почитта на нивната покојна мајка Дијана, но во различни периоди.

Принцот Вилијам вечерва ќе присуствува на доделувањето на наградите во Научниот музеј во Лондон, каде што ќе одржи краток говор и ќе ги додели наградите на 20 добитници, додека Хари ќе им се обрати на добитниците на награди преку видео повик, но дури откако Вилијам ќе ја напушти церемонијата пишува „Тајмс“.

Според медиумот, нивното одбивање да се појават заедно на церемонијата, зборува за нивниот раскол.

Наградите за Дијана се одржуваат секоја втора година, а 20 награди за достигнувања се доделуваат на „извонредни млади лидери кои ја инспирираат следната генерација да ги следи стапките на Дијана, принцезата од Велс и да направи позитивна разлика во светот“, велат организаторите.

Вилијам и Хари и претходно присуствуваа на наградите заедно, но откако Хари ги напушти кралските обврски за да започне нов живот во Америка и објави книга во која го критикуваше кралското семејство, тие не се појавија заедно, пренесува Танјуг.

Scroll to Top