Вилијам Леви ја изневерил сопругата со 80 жени

Латино-глумецот Вилијам Леви, кој е оженет со Елизабет Гутјерез од 2003 година, ја изневерил сопругата со 80 жени, пишуваат медиумите. Елизабет, наводно и претходно знаела за неговите неверства, а по 17 години брак решила да поднесе барање за развод и да си замине од дома со децата, ќерката Кејли Александра (6) и десетгодишниот син Кристофер Александар. Ова за сега не го потврдија ни таа ни глумецот.

Неодамна во медиумите се појавија и неколку обвинувања дека Леви намамил малолетничка во хотелска соба и ја присилил на секс. Иако обвинението беше отфрлено, глумецот никогаш не демантираше дека спиел со неа, туку изјави дека го излажала колку години има.

Елизабет и Вилијам првпат се разделија во 2011 година. Тој тогаш призна дека се отселил од заедничкиот дом, но брзо потоа се смирија и успеаја да ја обноват својата врска. Овојпат, Елизабет не сака да му прости, особено што за неверствата сега знаат и децата.

Scroll to Top