Вин Дизел му го зема статусот најзгоден ќелав маж на принцот Вилијам

Статусот на најзгоден ќелав маж кој го носеше принцот Вилијам, сега го ужива холивудскиот актер Вин Дизел. Истражувањето било спроведено од агенцијата за оптимизација „Ребот“ кое користело неколку фактори за истражувањето, вклучувајќи го Златниот сооднос, јавното мислење, нето вредноста и висината.

Така настана листата од 10 славни мажи, каде Вин Дизел го зазема првото место, како најзгоден ќелав маж на светот. Ѕвездата на „Брзи и бесни“ доби 6,46 од 10, додека поранешниот број еден принцот Вилијам е петтото место со 6,13.

Веднаш зад Дизел се Стенли Тучи, Шемар Мур, Питбул, а потоа Џејсон Стејтам, Брус Вилис, Џо Роган, Двејн Џонсон и Мајк Тајсон, кој има најниска оценка, односно 2,50.

Инаку, користејќи го Златниот сооднос, познатиот естетски хирург Џулијан Де Силва пресметал кои десет жени се сметаат за најубави, а првото место и припадна на актерката Џоди Каме. По неа следат Зендаја, Бела Хадид, Бијонсе и Аријана Гранде.

Scroll to Top