Винсент Ентони уапсен во Лос Анџелес

Винс Вон бил уапсен рано утрото во неделата во близина на Лос Анџелес за наводно пиење и давање отпор при апсењето.

48-годишниот актер бил запрен на еден контролен пункт од страна на полициските служби околу полноќ, а веднаш кога било утврдено дека е во алкохолизирана состојба, бил притворен на Менхетен Бич. Вон бил обвинет дека возел под влијание на алкохол, изјавила полициските служби за медиумите.

Тој останал во затвор до 4 часот утрото, а во меѓувреме бил обвинет и за давање отпор, одлагање и попречување на полициската работа, вели полициски претставник за Си-ен-ен.

Кауцијата за Вон судот ја одредил на 5.000 долари. Тој и неговиот патник, со кого бил во автомобилот, подоцна биле ослободени од притвор.

Засега Вон не се изјаснил во јавноста за ваквото апсење.

 

Scroll to Top