Францускиот актер Винсент Касел (57) и неговата 29 години помлада девојка, бразилската манекенка Нара Баптиста чекаат дете. Тоа ќе биде нејзиното прво и негово четврто дете.
Среќната вест Нара ја сподели на својот Инстаграм профил. Таа го покажа трудничкиот стомак.
Двојката ја прослави првата годишнина од нивната врска пред еден месец.
57-годишниот актер на почетокот на минатата година раскина со сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, а со Нара се зближи откако се допишуваше на Инстаграм и заедно почнаа да го поминуваат времето во Рио.
Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција од Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.
Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со колешката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.