Виталија со црно-бела-сивата комбинација на горниот дел од гардеробата под која имала бела блуза, наиде на симпатии кај публиката, но тоа како што вели таа, претставувало само моментален контраст на уште едно „џангл“ стајлинг издание на Серена Вилијамс.
„Во тие моменти навистина се чувствував моќно на теренот. Знаев дека ја водам играта и дека сè што се случува зависи од мене. А тогаш на почетокот на вториот сет, Серена се врати во мечот. Одеднаш немав чувство дека можам да играм на тоа ниво. Не е доволна убавината и облеката против Серена“, објаснила Виталија по мечот.
„Против Серена морате да дадете 150% од своите можности. Секој пат. 100% дури не е ни доволно. Морате да дадате и повеќе од тоа. Ако не сте во состојба да ја одбраните својата позиција, бидете сигурни дека таа ќе ве извади сосе корен. Разочарана сум што и по првиот сет ѝ овозможив да се врати во игра. Не ја искористив шансата да се вратам во резултатска рамнотежа. Автоматски ми падна брзината на сервисот, а на неа прогресивно ѝ се зголемуваше. Со освојување на вториот сет, Серена доби уште поголем замав. Ги зема работите во свои раце и одигра брилијатен трет сет“, изјавила Виталија по мечот.