Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, блесна во минималистички жолт фустан од Brandon Maxwell, кој ѝ е дизајнер на Лејди Гага од 2012 година. Тие вчера беа на средба со младите лидери на Комонвелтот, во Лондон.
И покрај муабетите дека Хари престанал да ја држи својата сакана за рака поради кралските правила, особено кога се на должност или јавен настан, изгледа парот сè уште се држи до своите правила и си изразува емоции јавно.
Меган изгледот го надополни со низок кок и крем чевли, а во текот на целиот настан во Лондон таа не го тргаше погледот од Хари.