Внуката на принцезата Дијана убава на тетка си

Кити Спенсер, внуката на принцезата Дијана, го привлече вниманието на светската јавност на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари. Нејзините фотографии веднаш се најдоа во светските медиуми, а луѓето споделуваа слики и на социјалните мрежи со коментар дека Кити изгледа совршено во зелениот фустан, ама и дека е копија на починатата Дијана.

Кити е ќерка на помладиот брат на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер. Таа на церемонијата дојде заедно со сестра си лејди Елајза, братот Луис и мајката Викторија.

Девојката на свадбата беше облечена во рачно насликан фустан од последната колекција на модната куќа „Долче и Габана“. Таа е модел и веќе неколку години соработува со оваа модна куќа.

Принцовите Хари и Вилијам останале блиски со семејството на својата мајка и не го кријат своето големо задоволство што тие беа дел од присутните на нивните свадби.

 

Scroll to Top