Во кревет со Александра доживувам вистинско блаженство: Кијану Ривс првпат прозборе за својата девојка

Холивудскиот актер Кијану Ривс (58) во моментов го промовира филмот „John Wick: Chapter 4“. Тој во интервју за магазинот Пипл“ првпат прозборе за љубовта со својата девојка, уметницата Александра Грант. На прашањето на новинарот од Пипл“ кога последен пат доживеал блаженство, Ривс вели дека тоа се случило непосредно пред интервјуто.

„Доживеав вистинско блаженство пред неколку дена со мојата девојка. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме. Се чувствувавме одлично. Многу ми е убаво што сме заедно“, вели актерот, кој ретко кога зборува за својот приватен живот во јавноста.

Ривс и Александра (49) се во љубов повеќе од три години. Таа е првата жена со која актерот се појавил јавно по смртта на неговата девојка Џенифер Сајм. Двојката се запознале во 2011. година, кога првпат почнале да соработуваат. Пет години подоцна пак се сретнале заради деловна соработка, а нешто подоцна почнала и љубовната врска.

Во 2019 година дојдоа заедно на уметничка и филмска гала вечер во Њујорк. Тогаш првпат се појави Кијану и неговата девојка со седа коса. Во јавноста имаше многу негодувања и коментари за нејзиниот изглед, затоа што таа е далеку поинаква од холивудскиот гламур, пишуваа медиумите. Сепак, многумина велат дека славниот актер никогаш не изгледал посреќен од сега, откако е во љубов со Александра.

Scroll to Top