Во Лондон се отвора бар посветен на Дејвид Боуви

Во лондонскиот хотел „Кафе ројал“ на 20 септември ќе се отвори барот „Зигис“, посветен на музичарот Дејвид Боуви. Зиги е едно од неколкуте алтер-ега на популарниот музичар. Во текот на 1970-тите години тој честопати се претставувал со тоа име во јавноста. Во кафулето ќе има приватни фотографии од Боуви кои не се досега видени во јавноста. И неколку коктели во барот ќе бидат инспирирани од животот на Боуви и албумот од 1972 година The Rise And Fall Of Ziggy Stardust And The Spiders From Mars.

„’Кафе ројал’ отсекогаш бил место каде што се собираа големи умови и разговараа за генијални идеи. Боуви имаше голема улога во историјата на овој хотел. Тука во 1973 година ја организираше познатата забава ‘Последната вечера’ посветена на неговото алтер-его Зиги Стардаст. На забавата присуствуваа сите најважни имиња од светот на музиката“, раскажал менаџерот од „Кафе ројал“ за британските медиуми, а кој и самиот присуствувал на забавата на Боуви пред 45 години.

Боуви беше еден од најпопуларните музичари на неговата генерација. Почина 2016 година на 69 години, само неколку дена откако го објави последниот албум Blackstar.

Scroll to Top