Во тренерки и без шминка: Адријана Лима фатена во сосема опуштено издание и е вистинска убавица!

Супермоделот Адријана Лима неодамна е мета на критики за нејзиниот физички изглед. По тешкото породување таа имаше проблем со вишокот килограми, но како што одминува времето и најголемите критичари забележуваат дека манекенката полека се враќа во форма.

Таа повторно беше мета на критики во јавноста кога неодамна се појави на премиера. Критичарите го коментираа нејзиното лице и потенцираа дека претерала со естетската хирургија. Рекоа дека лицето и е отечено, усните необична форма, а очите и се помали.

Адријана по премиерата беше фатена како се шета со сопругот Андре Лемер во тренерки и без трошка шминка на лицето. Оваа сцена го смени мислењето на многумина за тоа дека Лима направила пластична операција, додека една група сепак останала на своето првобитно мислење.

Scroll to Top