Во венчаница на Вера Ванг се омажи ќерката на Бил Гејтс

Џенифер Гејтс (25), ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, се омажи вчера попладне со Најел Насар (30). Величествената церемонија се одржала на имотот Гејтс од 124 хектари во Вестчестер, Њујорк.

Во петокот се одржала тајна верска церемонија, имајќи предвид дека младоженецот, египетски милионер и џокеј, е од муслиманска вероисповед.

Невестата носела венчаница од дизајнерката Вера Ванг, а девет деверуши биле облечени во темно зелени фустани и сите заедно позирале за фотографите во романтичната, есенска атмосфера на пространиот имот.

Меѓу гостите, највесели биле родителите на невестата, Бил и Мелинда, кои неодамна се разведоа, тие заедно се забавувале, разговарале и се смееле славејќи ја венчавката на ќерката.

Scroll to Top