Војната е неприфатлива, младите не го заслужуваат ова, светските ѕвезди испратија поддршка за Украина

Голем број светски ѕвезди се огласија по повод руската агресија врз Украина. Своите ставови, како и пораки со поддршка ги споделија на социјалните мрежи.

Американската раперка Карди Би напиша дека посакува светските лидери да престанат со своето надметнување со моќ и да почнат да мислат за оние кои ќе бидат погодени од војната. Таа рече дека светот во моментов се наоѓа и во светска криза. Војната, санкциите, нападите треба да се последната работа за која лидерите треба да размислуваат, рече Карди Би.

Шкотската музичарка Ани Ленокс праша што ќе следи сега кога тенковите, војниците и воената машинерија се на границата на Русија. Таа рече дека е згрозена од целата ситуација и за неа како и за многу други војната е неприфатлива.

„Лудачко пуштање крв, дробење коски и месо, колективна траума, тага, болка, патење, очај и вознемиреност за голем број мажи, жени и деца. Која е цената која обичниот народ мора да ја плати за ова лудило и бруталност на ивазија и војување? Или ова е добро изработена измама? Една тактика на заплашување? Закана? Се извинувам за ова мое мрачно размислување, но откако сум родена имам привилегија да живеам во мирно опкружување и тоа децениско по завршувањето на Втората ветска војна, вкупно 67 години. На овој или оној начин тоа не го земам здраво за готово и мислам дека војната е неприфатлива. Тоа е одбивен варваризам“, напиша Ленокс.

За немирите во Украина се огласи и познатиот американски писател Стивен Кинг.

„Повеќето од нас во детството на игралиштата научија дека не треба да се стои на страна додека некое дете тепа помало дете. Може ќе примите еден до два удари, за да го натерате големото дете да престане. Но, тоа е исправно“, напиша Кинг.

Пејачката Шер го нарече рускиот претседател деспот кој доколку му се укаже шанса ќе ги проголта суверените земји сè додека не воскресне стариот СССР.

„Зошто Украина е важна за САД? Путин е деспот и ако му се укаже шасна тој ќе ги проголта суверените земји додека не воскресне СССР. Оваа Европа ќе остане мала и незаштитена. Русија, Кина и Саудиска Арабија сакаат да ги фрлат САД на колена и ова им е идеална шанса. Сакаат да не поделат да посеат омраза и слабост“, рече Шер.

Познатиот нигериски музичар Феми Кути ги осуди ите оние кои и понатаму тврдат дека Нато и Европската унија се експанизонистички.

„На луѓето кои и понатаму милат дека НАТО и ЕУ се експанзионистички, додека Путин буквално ја колонизира Украина, им е потребна помош“, рече Кути.

Глумецот, режисер, продуцент и сценарист Марк Руфало, испрати порака со поддршка до сите несреќни и недолжни луѓе на Украина, Русија и Европа.

„Испраќам љубов и молитви до сите недолжни луѓе во Украина, Русија и Европа кои се затечени од овие тажни и болни моменти, полни со насилство и разорување. Посебно до најмладите. Не го заслуживте ова“, рече Руфало.

 

 

Scroll to Top