Војвотката Кетрин Мидлтон денеска беше во посета на бесплатното училиште Reach Academy, каде што се појави во сина комбинација, која вклучуваше цветен фустан и палто од брендот Hobbs.
Настанот беше организиран од страна на хуманитарната организација Place2Be, која има цел да им обезбеди на децата убав почеток во животот.
Мидлтон со оваа организација соработува од 2013 година и покажа дека не ги прескокнува кралските должности и во периодот на третата бременост.
Кетрин и принцот Вилијам очекуваат да го добијат третото дете во април.