Популарната холивудска пејачка доби своја восочна фигура во музејот „Нијагарини водопади“ во Канада.
И претходно уметниците се обидувале да направат копија од Бијонсе, но и овој пат тоа не им појде од рака, нешто што фановите го потврдија на социјалните мрежи.
Корисниците забележале дека физиономијата на лицето на фигурата воопшто не потсетува на лицето на пејачката, дека кожата ѝ е премногу светла и дека косата не личи на нејзината.
According to the curators of the wax museum in Niagara Falls, this is Beyoncé. 🧐🧐🧐 pic.twitter.com/jrhd1J1qlI
— Ama Scriver (@amascriver) 11 February 2018