(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Познатиот пејач го прободеа со шило во главата

Пејачот на групата „Pro-Pain“ Гери Маскил бил нападнат во Брисел, и лекарите едвај му го спасиле животот.

Foto: Wikipedia/Bieniecki Piotr

Герија Мескила, пејачот на хардкор бендот „Pro-Pain“, бил нападнат од неколку момчиња во Брисел, и во тој момент тој ѕверски бил претепан и со тешки повреди бил префрлен во болница. Иако изгубил доста крв, лекарите, за среќа, успеале да му го спасат животот.

Неколку дена по нападот, Мескил на Фејсбук стрницата на бендот, објави слики на кои се гледаат силните повреди на неговото лице, а потоа ја опиша вистинската драма во која прошол.

„Пред неколку дена сам оставен бев да умрам на тротоарот, и нико не ми помогна додека не стигна Итната помош. Откако бев ограбен, ме нападнаа неколку лица, ме прободеа со шило во главата и убеден сум дека и мојот качкет Њујорк Јенкис, ми го спаси животот. Носот ми е скршен, скршени ми се неколку коски на лицето и вилицата, очилата ми беа скршено, стаклото ми влета во очи. Изгуб голема количина крв, и морав да добијам неколку транфузии“, наведе Гери Мескил и додаде дека животот му бил во голема опасност.

 

Foto: Facebook/propainhardcore

„Подоцна лекарите ми рекоа дека неконтролираното крварење речиси ќе ме убиеше. Во наредните неколку дена се надевам дека ќе добијам и друго мислење за состојбата на мојата вилица. Не можам да ја затворам до крај, и поради неколкуте скршеници, не можам да јадам било кој вид на цврста храна и оваа повреда ќе претставува најголема препрека во моето враќање на сцената.

Најискрена благодарност му должам на докторот Иливије Санесу и неговиот персонал, кои ми го спасија животот, како и припадниците на бриселската полиција, кои многу брзо ги фатија осомничените кои беа одговорни за нападот“, заклучи Мескил.

Scroll to Top