Вработените ѝ ги плаќале пластичните операции на Мараја Кери

By

Светската пејачка Мараја Кери со пари од своите варбтени потрошила околу 30.000 евра на пластични операци. Само на филери во задникот пејачката потрошила околу 9000 евра.

„Дејли Мејл“ пишува дека Кери сакала да ги сокрие трошоците за естетските зафати, па најчесто операциите ги плаќала со пари од својата поранешна асистентка Лиан, или поранешната менаџерка Стела.

На ласерско отстранување на масно ткиво Мараја Кери потрошила повеќе од 4000 евра. На ултразвучен лифтинг на вратот пејачката потрошила речиси 8000 евра, а на третман на бутовите околу 7000 евра.

„Од менаџерскиот тим и дозволивме да има само една кредитна картичка, затоа што трошеше многу и сите и ги откажувале за кратко време“, изјавил член од тимот на пејачката за „Дејли Мејл“.

Како што пренесува британскиот весник, на Кери не ѝ било доволно само една личност од која ќе зима пари. Пејачката земала пари од речиси од сите во нејзиниот персонал.

„Целиот нејзин персонал, вклучувајќи и чувари и дадилки, морале да пазарат нешто за неа од нивните сопствени кредитни картички, а потоа таа им ги враќала парите. Дури и за работи како што е детски „Мекдоналдс“. Никогаш не давала пари за такви трошоци“, вели нејзин близок пријател.

Мараја во моментов е на суд со поранешната вработена Лијана Азаријан, затоа што и должела околу осум милиони долари, затоа што ја навредувала на расна основа. Пејачката претходно ја тужела и поранешната менаџерка Стела, која во јавноста изнела клевети дека пејачката се дрогира и дека и должи хонорари. На крајот постигнале спогодба.

Ќе ви се допадне