Пејачката и глумица Џенифер Лопез деновиве го промовира новиот филм „Ожени се со мене“, па во интервју за магазинот „Пипл“ првпат зборуваше за втората шанса што си ја дале со Бен Афлек и за љубовта која трае скоро една година.
„Никогаш не сум се чувствувала подобро. Едноставно се чувствувам многу среќна и горда што сум со него“, вели таа во интервјуто и не крие дека Афлек е еден од најзаслужните луѓе за нејзината среќа.
Џенифер и Бен беа заедно од 2002 до 2004 година, и иако беа свршени, решија да ја се разделат наместо да се венчаат. Минатата пролет повторно почнаа да се гледаат. Но, во интервјуто Лопез открива дека ѝ било страв пак да не се повтори тажниот дел од приказната.
„И двајцата си велевме ‘Леле, многу сме среќни и не сакаме ништо од тоа повторно да се случи’. Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на различни места во нашите животи, сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи. Ние сме толку заштитнички настроени затоа што е толку убаво време за сите нас. На вистинската љубов треба да ѝ се даде втора шанса“, вели таа.
Иако беа заедно пред дваесет години, Џенифер открива дека сега работите сепак се поинакви.
„Прекрасно е тоа што на некој начин е многу поинаку отколку што беше пред 20 години. Има повеќе благодарност и славење на тоа, што е убаво. Кога ќе најдете некого и навистина, навистина го сакате и добивате втора шанса за тоа, тоа е навистина ретка, скапоцена, убава работа и ние не го земаме здраво за готово“, додава таа.
Џенифер рекла и дека Бен вложува многу напор и емоции во врската.
„Толку сум горда на него, толку сум горда на човекот во кој стана што го гледав оддалеку. Да се биде искрен еден со друг, да се сакаме, тоа е основата на сè. Се чувствувам како тој да е на место во својот живот каде што се чувствувате навистина добро самите со себе и со тоа кои сте вие за да можете да бидете во среќна, здрава врска“.
Таа не кажала дали со Бен планираат свадба, но вели: „Само сакам мојата иднина да биде полна со љубов и среќа, со моите деца и мојот партнер. Мислам дека сите само сакаат да бидат среќни, со некој да го продолжат патувањето и остарат заедно, и јас се чувствувам добро во врска со тоа во моментов“.