Вучиќ го чека Џони Деп на ракија и ќебапи во Белград

Холивудскиот актер Џони Деп утре доаѓа во Белград за да ја промовира новата анимирана серија „Пафини“. Тој ќе биде сместен во претседателски апартман во познат хотел во Белград, а потоа во Андричев венац ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Џони Деп ќе има можност пак да проба од некои од националните јадења во Србија, како ракија и вино. Тој и претходно има доаѓано во Белград, кога го снимаше филмот Минамата, а од традиционалната храна рече дека најмногу му се допаднале ќебапчињата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benoit Delhomme (@benoitdelhomme)

По прес-конференцијата, Деп планира да направи мала турнеја низ филмското студио. Новата серија е произведена во продукција на „Архангел студио“, од актерот Милош Биковиќ, а создадена е во „Јерволино студио“.

Актерот лани додека беше во Монте Карло изјави дека ги обожава Србија и Србите, а првпат беше во посета во Србија во 1992 година.

Scroll to Top