Откако се најде во финансиски потешкотии, актерката Памела Андерсон е принудена да ја изнајмува својата вила во Малибу во Калифорнија. Нејзините фанови сега ќе имаат можност да спијат во нејзиниот кревет по цена од 40.000 долари.
Цената е многу поповолна од тоа што беше претходно. До пред месец дена месечниот надомест изнесувал 70.000 долари. Како дојде летото, цените на имотот во Малуби растат.
Куќата се наоѓа на ексклузивна плажа, а во неа има три купатила, голема пространа кујна, пет спални соби од кои главната има приватен балкон, камин и скриени плакари.
Во 510 метри квадратни, покрај главната куќа пости и гостинска. Двете куќи се одвоени со отворен, забавен простор со базен.