За 50 евра на Андре Риу во Скопје

By

Светската ѕвезда на виолина Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот“, на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.

„Музиката, а особено валцерот се многу важен дел од мојот живот. Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех“, вели Риу за своите концерти, кои медиумите ги опишуваат како „огномет од емоции“.

Познатиот музичар одржува речиси 100 концерти годишно, спој на валцер, филмска музика, мјузикли, опера и светски хитови.

Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари и ќе чинат од 3050 денари нагоре.

Ќе ви се допадне