За „Игра на тронови“ ќе се снимат неколку алтернативни краеви

За да го избегнат фијаското што им се случи оваа година, вклучувајќи ги хакираните компјутери, информациита за сценаријата и протечените епизоди, хит-серијата „Игра на тронови“ ќе има неколку алтернативни краеви. Ова значи дека само мал број луѓе ќе знаат како навистина ќе заврши.

Информацијата ја потврди и програмскиот претседател на ХБО.

„Мора да го направиме. Луѓето нè следат, гледаат што снимаме. Затоа се одлучивме на ваков чекор, што ќе ги остави отворени сите опции.“

Снимањето на последната, осма сезона на серијата ќе започне овој октомври, а за сега не е потврдено дали ќе се емитува на крајот на 2018 година, или дури во 2019.

Scroll to Top