Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни, Шон Оно и Џејмс, објавија на „Инстаграм“ заедничко селфи и ги изненадија фановите на „Битлси“.
Познато е нивното долгогодишно пријателство, а фотографијата е снимена за време на заедничка свирка.
Четирисет и двегодишниот Шон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, има и филмска и музичка кариера, три соло албуми, а соработувал и со имиња како Алберт Хамонд и Лана дел Реј.
Две години помладиот Макартни, пак, работел на повеќе соло албуми на неговите родители Пол и Линда и самиот објавил четири албуми.
Според коментарите на фановите на „Инстаграм“, тие се надеваат на музичка соработка на синовите на легендарните музичари.