Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, загина во хелокoптерска несреќа. Брајант имаше 41 година. Официјалните лица потврдија дека тој летал со неговиот приватен хеликоптер што се урнал во Калабасас, предградието на Лос Анџелес. Со него патувале уште четири лица.
Брајант беше оженет со Ванеса Брајант и имаше четири ќерки.
Коби, кого го нарекуваа „Црната мамба“, имаше пет НБА титули, а два пати беше прогласуван за најдобар играч на финалињата. Кариерата, што траеше 20 години, ја заврши во април 2016 година. На последниот натпревар, Брајант даде 60 коша.
Пред две години, Брајант освои и Оскар за краток документарец.