Заработувал на сметка на нејзиното име, Ријана никогаш не му простила на татко ѝ

Светската пејачка Ријана вели дека никогаш не му простила на својот татко Роналд кој заработувал на сметка на нејзините проблеми. Тој им продавал информации на медиумите, за нападот врз Ријана од нејзиниот поранешен дечко Крис Браун во 2009 година. Потоа отворил своја компанија која се вика исто како и линијата за козметика на пејачката.

Тој на моменти и се претставувал дека е нејзин агент и потпишувал договори место неа. Ријана вели дека поради таквото негово однесување, таа била приморана да го тужи.

„Сите ние често слушаме приказни дека луѓето си работат едни на други зад грб и си велиме дека тоа не може да ни се случи на нас. Моето семејство никогаш не би ми го направило тоа. Но, мојот татко на новинарите им раскажувал милиони лаги. Никогаш не се јави да ме праша како сум“, изјавила Ријана.

Иако пејачката тврди дека нема желба да оствари контакт со татко ѝ, кој е поранешен зависник од дрога, Роналд тврди дека тој и негoвата ќерка ги поправиле лошите односи.

Во едно интервју, Ријана пред неколку години открила дека нејзиниот татко со години бил зависен од кокаин, поради што нејзините родители се развеле, кога таа имала 16 години.

„Најубавите спомени од моето детство се врзани за мојот татко Роналд. Тој ме научи да пливам, танцувам, јавам. Благодарение на него станав силна и подготвена да се соочам со животните искушенија. Но, тој беше далеку од совршен татко. Со години го гледав како користи марихуана и кокаин. Тогаш не знаев што е тоа. Мојата мајка и татко постојано се расправаа, а таа беше силна жена. Се обиде се што е во нејзина моќ да не заштити од неговите наркомански навики“, изјавила пејачката.

„Мојата мајка работеше постојано, а тој по цел ден седеше дома и се дрогираше. Дури сега дознав што правеше по цели часови во тоалетот. На крај, мојата мајка се разведе од него кога имав 16 години“, раскажува Ријана и објаснила дека морала да се однесува како втора мајка на нејзините тројца браќа, затоа што родителите нивни биле во постојан конфликт.

 

 

 

Scroll to Top