Зендаја не ја пуштија да влезе во ресторан во Рим оти не била соодветно облечена

Младата холивудска ѕвезда Зендаја доживеала непријатен момент во Рим во саботата, откако не ѝ дозволиле да влезе во ресторан поради строгиот кодекс на облекување.

Ѕвездата се појавила во лежерна комбинација, со црн топ и карго панталони, и гол стомак. Се упатила на вечера во италијанскиот ресторан „Тераца Боромини“, каде од гостите барат посебен кодекс на облекување, пишува „Дејли мејл“.  Лежерниот изглед Зендаја го искомбинирала со кожени чевли и дизајнерска чанта.
Ѕвездата, не изгледала задоволно за време на интеракцијата со персоналот на ресторанот, бидејќи иако имала резервација, сепак не и дозволиле да влезе, поради нејзината и облеката на нејзиното друштво. Друштвото по инцидентот завршило на вечера во пицерија во близина.

Scroll to Top