На Бела Хадид ѝ била скратена можноста да порасне како муслиманка, откако била принудена да се пресели во Калифорнија со нејзината мајка како девојче.
25-годишната манекенка е ќерка на холандскиот супермодел и поранешна реалити ѕвезда Јоланда Хадид и палестинскиот претприемач Мохамед Хадид.
Таа е родена во Вашингтон, каде што ги поминала првите четири години од својот живот растејќи со палестинско семејство. Меѓутоа, откако нејзините родители се разведоа, таа била принудена да се пресели во Санта Барбара, Калифорнија со нејзината мајка, брат и сестра – Анвар и Џиџи.
Бела тогаш имала само четири години, откако се преселила и била скратена можноста да ја истражи својата историја. Бела рече дека посакувала да научи да ја практикувала својата вера како дете, што било сон што никогаш не и се остварил.
„Сакав да пораснам покрај татко ми и да учам секој ден, генерално да живеам во муслиманска култура, но тоа не ми беше дозволено“, рече Бела.
Како единствена девојка Арапка во класот, таа редовно била подложена на расистичко малтретирање.
„Толку долго ми недостасуваше тој дел од мене, и тоа ме направи многу, многу тажна и осамена“, рече таа.
Познатата манекенка, инаку, треба да го има своето актерско деби во серијата „Рејми“, која ја раскажува приказната за првата генерација американски муслимани кои се на духовно патување во нивниот политички поделен кварт во Њу Џерси. Таа признала и дека споменатата улога повторно ѝ ја разбудила желбата да го прифати нејзиното наследство, а за време на снимањето се расплакала откако тимот ја изненадил со маица на која имало натпис „Слободна Палестина“.