Светскиот актер Жан Клод Ван Дам за својот 59 роденден, откри детали од својот приватен живот. Ван Дам призна дека ја изневерил неговата поранешна сопруга Дарси ла Пир, со австралиската пејачка Кајли Миног и дека во животот најмногу му е благодарен на Чак Норис, кој му го спасил животот кога се преселил во САД и кога немало кој да се грижи за него.
За време на престојoт во Америка во осумдесетите години, Ван Дам имал големи проблеми да се снајде за да преживее. Благодарение на неговиот колега и пријател Норис, тој ќе се тргне од улиците и опасниот животот со дрогата. Двајцата во тоа време ќе тренираат карате и ќе учествуваат на голем број турнири.
„Постоеше време кога немав што да јадам, па морав да се снаоѓаам како знам и умеам“, се присетува Ван Дам.
Во тоа време глумецот имал сериозни проблеми со дрогата. Чак Норис му го спасил животот нудејќи му работа како обезбедување во ноќен клуб. Ван Дам успешно ќе се снајде на новото место, благодарение на неговите карате вештини кој ги стекнал како мал. Ван Дам е роден во Белгија. Татко му работел како цвеќар, а мајка му била сметководителка. Тие го запишале прво на балет, а подоцна и на карате. Талентираниот Ван Дам станува и член на карате репрезентацијата на Белгија. Потоа на почетокот на осумдесетите години се сели во САД.
Ван Дам во Америка ќе се проба како глумец и ќе успее да стекне слава на акциски херој. Креаторите на една од најпопуларните борбени игри „Мортал комбат“, велат дека играта ја создале благодарение на него. На почетокот на деведесетите години глумецот повторно ќе има проблеми со дрогата, но кризата со кокаинот ќе трае кратко време.
„Дрогата можеше да ме уништи. Трошев многу пари и на девојки и луди забави. Се случуваше да потрошам по 10.000 долари неделно“, вели Ван Дам.
Во својот живот глумецот се женел пет пати, за четири жени. Двапати бил во брак со билдерката Гледис Португес, која ја изневерил со австралиската пејачка Кајли Миног. Ван Дам вели дека таа не дознала за неверството се додека тој јавно не признал во едно свое интервју во 2012 година.
Актерот се има појавено и во пет музички спотови. Најпознати се Crush em и Straight to mu feet. Станал толку славен и популарен што белгиските власти во 2012 година му подигнале статуа.
Фановите му ја паметат изјавата за колачот – Колачот нема душа. Тоа е само колаче. Претходно бил млеко и јајце. А во јајцата постои потенцијал за живот и душа – Актерот се има борено во 20 професионални кик-бокс мечеви. Победил 19 пати. Вели дека неговиот рекорд во дигање тегови бил 168 килограми.
Ван Дам е човекот кој најдобро може да направи шпага. Последната ја направил во реклама за „Волво“. Сцените со борбите најчесто ги снимал надвор од САД, поради страв дека ќе го тужат. Таков е случајот со мајсторот за боречки вештини, Франк Дукс, кој го тужел глумецот тврдејќи дека тој му помогнал на почетокот на кариерата.
Тој во тужбата навел дека заслужува дел од неговата заработка, но подоцна обвиненето било отфрлено. Ван Дам вели дека англискиот јазик го научил гледајќи го филмот „Каменковци“. Актерот кој вчера го прослави 59 роденден вели дека за него прв акционен јунак на сите времиња е Чарли Чаплин кој бил вистинска инспирација за него.