Откако Дебора Ли Фурнес, сопругата на Хју Џекман, се појави на насловната страница на австралиското списание „Стелар“, фановите на глумецот повторно ги критикуваа нејзиниот изглед. Тие пишуваат дека уредниците претерале со фотошопот и ја ослабеле и подмладиле Дебора, па таа е непрепознатлива. „Жена ти е стара и дебела“, „Зошто си уште со оваа“, „Пак лош фотошоп“, се само некои од коментарите. Но, имаше и такви на кои им се допаднала насловната.
„Таа е прекрасна жена и целата е природна. Не знам зошто толку се полемизира за нејзиниот изглед“, напишал некој корисник на Твитер.
Хју Џекмен и Дебора имаат еден од најдолгите бракови во Холивуд. Оваа година прославија 24-годишнина од брак. Но поради разликата во годините тие често се на мета на јавноста и многубројни негативни коментари. Дебора е постара од Хју 13 години. Тие се запознале во 1995 година на снимањето на драмата „Корели“. Иако серијата имаше само една сезона, Хју често истакнува дека таа работа била најдобрата на светот, затоа што таму ја запознал жената на својот живот. Тие се венчаа една година подоцна, и имаат две посвоени деца.