Анонимна жена тврди дека пејачот Крис Браун ја силувал на јахтата на Диди во 2020 година за време на една од озлогласените забави на раперот.
Обвинението беше изнесено во емисијата „Крис Браун: Историја на насилството“ на Investigation Discovery. Темата на документарецот е наводното насилно однесување на Браун низ годините. Тие вклучуваат наводи за злоупотреба на партнерките, обвинувања за напад и сексуален напад, кои првпат се појавија во 2009 година кога тој призна дека ја нападнал сега поранешната девојка Ријана.
Инцидентот се случил во 2020 година во близина на Мајами. Неидентификуваната девојка тврди дека го забележала Браун веднаш штом се качила на јахтата, велејќи дека почнале да зборуваат за нејзината танцувачка кариера, поради што се преселила во Мајами од Лос Анџелес. Таа додава дека мислела дека Браун „може да и помогне во кариерата со совети“. Тој и дал пијалок.
Наскоро, тврди таа, почнала да се чувствува поспана, а на крајот се нашла во спалната соба со Браун. „Се сеќавам дека лежев таму и се прашував: „Зошто не можам да станам? Следното нешто што знам дека беше над мене и не можев да се движам, велам „не“ и тогаш почувствував… следното нешто што го паметам е тој во мене“, рече таа во своето сведочење.
Нејзината адвокатка Ариел Мичел потврди за Холивуд Репортер дека таа повторно го застапува клиентот, откако таа се повлече од тужбата во 2022 година. Имено, таа година се појавиле СМС пораки кои девојката му ги праќала на Браун, иако таа негирала дека постојат.
Мичел вели дека СМС пораките не фрлаат сомнеж врз наводите на анонимната жена против Браун.
„Стојам покрај неа и тогаш и сега. Тогаш не беше доведена во прашање вистинитоста на нејзините тврдења. Таа едноставно не ни ги достави сите потребни докази“, изјави адвокатот за американскиот таблоид.