Жените сѐ уште го сметаат за шармантен и неодолив, Клинт Иствуд наполни 91. година

By

Легендарниот американски глумец, режисер, продуцент и филмски композитор, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 91. роденден.

Роден во Сан Франциско на 31 мај 1930 година, Иствуд почнал да ја гради својата  кариера во филмската индустрија во 1960-тите и 70-тите години, играјќи прво во италијанските тн. „шпагети вестерн” филмови на Серџо Леоне. А, белег остави и улогата на тврдоглавиот американски полицаец Хери Калахан во филмот „Валканиот Хари”.

Во својата богата кариера играше во голем број реномирани воени, криминалистички и драмски проекти. Својата режисерска кариера ја започна 1971 година со филмот „Морничава ноќ” (Play Misty for Me).

Иствуд е номиниран за осум Оскари за режија и продукција, освојувајќи ја статуетката за филмовите „Непростено” и „Девојка од милион долари”.Тој беше и двапати номиниран за Оскар за најдобар глумец (во двата филма), но не го доби. Други позабележителни филмови се „Мистична река” и „Писмата од Иво Џима”.

Иствуд е носител и на највисокото француско граѓанско одличје – Легијата на честа. Голем обожавател е на џезот, а кон крајот на 1980-тите, како независен кандидат беше избран за градоначалник на гратчето Кармел-Бај-д-Си, во округот Монтереј, Калифорнија, САД.

 

Ќе ви се допадне