Женската атракција „Бонд“ доаѓа во Скопје

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет „Бонд“ за прв пат доаѓа во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.  Тиее имаат многу обожаватели низ светот, а црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено  5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок 7. февруари и ќе ги има исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по цена од 1990 и 2990 денари

 

Scroll to Top