Жерар Депардје обвинет за силување

Француското обвинителство поведе истрага против актерот Жерар Депардје за силување дваесетгодишна девојка. Францускиот актер деновиве доби тужба во која се вели дека тој за време на паузите на две театарски претстави силувал една од неговите помлади колешки.

Неговиот адвокат за агенцијата „Франс прес“ ги негира ваквите обвинувања. Од обвинителството во Париз велат дека против него е поведена истрага и таа е поднесена до судот.

„Жалам поради нанесениот јавен срам кој веќе му направи голема штета на имиџот на мојот клиент за чија невиност сум уверен дека ќе биде докажана“, истакна адвокатот на Депардје.

Тој повика на максимална воздржаност и почитување на правата од страна на сите страни.

Дневниот париски весник „Ле Паризиен“ пишува дека девојката го обвинува актерот за силување за време на две театарски претстави, кои се одржале на 7 и 13 август.

Депардје се смета за еден од најдобрите француски актери и досега има одиграно улоги во 170 филма. Добил и меѓународно признание во 1990 година за главната улога во комедијата на англиски јазик „Зелена карта“.

 

 

 

Scroll to Top