Живеела во страв додека била со Хари, Кресида откри детали за врската со поранешниот принц

By

Поранешнниот модел и глумица Кресида Бонас, по подолго време, откри детали во јавноста за врската со некогашниот принц Хари. Тие раскинаа пред шест години, а Кресида досега не откриваше премногу во медиумите за тоа што сè морала да трпи во тој период додека биле во врска.

Таа сега вели дека постојано живеела во страв и дека се плашела оти може да погреши нешто во извршувањето на секојдневните должности и обврски што ги имала како девојка на еден од членовите на кралското семејство.

„Ми беше страв дека ќе погрешам, дека може да ме одбие Хари, дека нешто нема да направам како што треба, дека нема да бидам совршена. Мислам дека сите тие работи ме следеа во одреден дел од животот“, искрено открила Кресида, која додала дека како минувало времето, целата таа ситуација ја охрабрила и зацврстила во животот.

„По сето заедничко време што го минав со Хари, сега мислам дека сум поцврста личност. Таквата врска ми даде сила за уште повеќе да работам на себе и да ги остварам своите цели. Ги поместив сопствените граници затоа што не сакав повеќе да бидам спречена да го работам она што го сакам на каков било начин“, открила Кресида.

 

 

Ќе ви се допадне