Шарлиз Терон, Џенифер Лопез и Жерар Депардје се само некои од холивудските ѕвезди што признаваат дека имале тешко минато. Биле сведоци на насилство, убиства, биле малтретирани, живееле од социјална помош. И иако денес заработуваат милиони, изгледаат гламурозно и имаат голем број фанови во светот, малкумина знаат за тешкото детство што го имале.
Шарлиз Терон
Актерката Шарлиз Терон е родена во Јужна Африка. На африканскиот континент живеела до 15 години, а потоа се преселила во Европа. Како дете, Шарлиз била сведок на ужасна семејна трагедија – таа видела како нејзината мајка го застрелала нејзиниот татко во самоодбрана. Татко ѝ бил алкохоличар и секој поминат ден со него претставувал хорор за неа, открила Терон во едно интервју.
На 16 години глумицата почнала кариера како модел, а со тоа и почнала да патува низ Европа. Оттаму се преселила во Америка и ја добила првата улога во Холивуд. Шарлиз е првата жена со потекло од Африка што добила Оскар.
Роуз Мекгован
Актерката Роуз Мекгован, која е најпозната по серијата „Волшебнички“, како дете растела во секта. Татко ѝ, кој бил писател, ги внел неа, мајка ѝ и шесте браќа и сестри во сектата Children of God. Ова е затворена секта, целосно изолирана од надворешниот свет. На десетгодишна возраст Роуз со мајка ѝ побегнаа од секата и се преселиле во Вашингтон. Роуз била испратена на рехабилитација, откако непознат маж ја убедил нејзината мајка дека таа е зависник од дрога. По една година, Роуз почнала да живее со нејзината баба. Потоа се запишала во уметничко училиште, каде почнала да се занимава со глума.
Жерар Депардје
Францускиот актер Жерард Депардје во минатото живеел од социјална помош. Неговиот татко бил неписмен и сиромашен човек и едвај врзувал крај со крај со своите шест деца. Депардје, кој бил срамежливо момче, како дете бил слаб и имал лоша дикција. Кога пораснал, почнал да работи на себе – се запишал на бокс, на разни курсеви и почнал да оди на часови по глума. Денес е еден од најпознатите француски глумци во светот.
Лејтон Мистер
Актерката Лејтон Мистер, позната по серијата „Озборувачка“, за малку ќе се родела во затвор. Нејзината мајка била бремена додека отслужувала затворска казна. Сепак, судот ѝ дозволил детето да го роди во болница и да помине три месеци со неа пред да се врати во затвор. Додека мајка ѝ отслужувала казна затвор, Лејтон живеела со нејзината баба. Рано почнала да учествува во театарски претстави. На 11 години се преселила во Њујорк и таму ја започнала актерската кариера. Таа пред многу години рекла дека никого не треба да осудуваме за грешките од минатото, особено не своите родители.
Џенифер Лопез
Светската ѕвезда Џенифер Лопез потекнува од сиромашно семејството на емигранти од Порторико. Нејзината мајка работела како учителка, а татко ѝ бил програмер. Стравувајќи дека околината во Бронкс лошо ќе влијае на неа, тие ја испратиле во католичко училиште за девојчиња. Кога Лопез посакала да стане актерка, нејзините родители ѝ се налутиле. Тие сакале Џенифер да биде адвокат. Таа го напуштила домот и почнала да оди на аудиции. Кариерата ја почнала во 1997 година со улогата во филмот Selena. Денес Лопез заработува милиони долари од снимањето филмови и од музиката.