Жизел Бундхен ги објави првите фотографии од својот петмесечен син

Жизел Бундхен сподели редок и емотивен момент со своите 22,9 милиони следбеници на Инстаграм – ретки фотографии од нејзиниот петмесечен син.

Бразилската манекенка го прослави својот 45-ти роденден, а покрај своето дете, објави и фотографии со своето семејство, направени во природа, опкружени со зеленило и мир.

„Не бев многу тука во последно време, но сакав да одвојам еден момент да им се заблагодарам на сите за топлите желби за роденден. Многу сум благодарна за уште еден круг околу Сонцето и уште поблагодарна што го поминав во природа, опкружена со љубов и моето семејство. Денес е и роденден на мајка ми. Многу ни недостига, но знаеме дека е секогаш со нас. Продолжувам да верувам и да го поздравувам животот со отворено срце, благодарна за сè што допрва доаѓа. Испраќам љубов на сите“, напиша таа во описот.

За потсетување, Жизел го роди своето трето дете во февруари оваа година. Ова е нејзиното прво дете со партнерот Хоаким Валенте, а има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сегашен коментатор на ФОКС, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.

Фото: принтскрин

Scroll to Top