Жизел Бундхен го оставила Леонардо оти не сакал да се смени

Една од најпопуларните светски манекенки, Жизел Бундхен, првпат прозборе за раскинувањето со глумецот Леонардо ди Каприо 14 години по крајот на врската. Тие беа заедно од 2000 до 2005 година, и кога јавноста мислеше дека ќе се венчаат, двојката се раздели.

„Сфатив дека ми е доста од пушење, алкохол и премногу обврски околу работата. До тогаш одбивав да ги прифтам работите за кои бев свесна. Зарем сум сама во таа желба за промена? Тој навистина не сака ништо да промени? Одговорот, за жал, беше потврден и јас морав да заминам“, рекла Жизел во интервју за магазинот „Портер“.

Манекенката денес е мажена на рагби играчот Том Брејди со кого има две деца. Леонардо, пак, е во врска со моделот Камила Морони која е 22 години помлада од него.

Scroll to Top