Жизел Бундшен и Том Брејди, по 13 години брак, се разведуваат

Жизел Бундшен и Том Брејди официјално се разведуваат, пишува „Пејџ сикс“. Парот не успеал да ги надмине разликите и ангажирале адвокати за да почнат постапка за развод.

Како што објавија медиумите, главната причина за расправија е тоа што Том Брејди му се врати на спортот по само 40 дена пензија.

„Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но изгледа дека е“, изјавил извор за „Пејџ сикс“.

„Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата ангажираа адвокати и сега ги разгледуваат сите опции“, додал изворот.

Да потсетиме дека манекенката се израдувала кога нејзиниот сопруг Том Брејди објавил дека се пензионира и признал дека НФЛ е насилен спорт.

„Ова е многу насилен спорт и јас имам деца и би сакал тој да биде поприсутен. Цело време ги имав овие разговори со него. Но, на крајот на денот, мислам дека секој треба да си направи своја одлука. И тој треба да ја следи својата среќа“, изјавила Жизел Бундшен за списанието „Ел“.

Меѓутоа, набргу откако спортистот објави дека се враќа во американскиот фудбал, стигна веста дека парот повеќе не живее заедно. Брејди и Бундшен се во брак од 2009 година и имаат две деца. Бенџамин (12) и Вивијан (9), а Брејди од претходниот брак го има синот Џек (15).