Жизел Бундхен роди трето дете

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете, пренесува ТМЗ. Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на странските медиуми, мајката и бебето се добро.

На јавноста сè уште не и се познати полот и името на бебето. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.

Бундхен има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сега коментатор на FOX, Том Брејди. Двајцата се разделија во 2022 година по 13 години брак.

Жизел и тренерот на џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година.

„Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу приватна во врска со тоа и сакаше да држи сè во тајност додека не се запознаат. Тој и беше голема утеха додека таа минуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод”, изјави претходно извор за странските медиуми.

Scroll to Top