Бразилската министерка за земјоделство Тереза Кристина Диаз го искритикува супермоделот Жизел Бундхен поради нејзината изјава дека Бразил се однесува неодговорно кон шумите.
Тереза најави дека ќе ја повика Жизел да стане владин амбасадор во промовирањето и подигнувањето на напорите на земјата, за производството на храна за целиот свет, притоа зачувувајќи ја природата.
Министерката во изјавата за радио изјавила дека Жизел изнела обвинувања на сметка на Бразил без познавање на конкретните факти и дека треба да ја промовира својата земја како еден од глобалните лидери во борбата за зачувување на природата.
Brazil’s agriculture minister criticized @giseleofficial, saying she should trumpet environmental ‘success’ rather than criticize.
Yet deforestation went up 13.7% last year and the Bolsonaro administration plans to ‘open the Amazon for business.’ 🤔https://t.co/9n5rzw5yTb
— AMAZON WATCH (@AmazonWatch) January 14, 2019
Таа навела дека Бразил сочувал околу две третини од својата изворна вегетација, што е потврда за напорите кои се вложуваат во зачувување на животната средина. Потоа преку Твитер порачала дека наскоро ќе упати и официјален повик до манекенката за да биде амбасадор и промотор на Бразил во таквите напори, пренеува „Ројтерс“.
Ангажирањето на супермоделот како промотор на владините политики за одржлив развој бил голем медиумски успех за владата на десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонар.
Манекенката досега во два наврати јавно ги критикувала обидите на неговиот претходник Мишел Темер да ја намали или укине заштитата на шумските подрачја на Амазонија, а тој во двата случаи ја променил својата одлука ставајќи вето на одлуката за намалување на заштитените подрачја, пренесува „Ројтерс“.
Gisele Bündchen is a ‘bad Brazilian’, says Bolsonaro’s agriculture minister https://t.co/N2hK7cM9cn
— Guardian World (@guardianworld) January 14, 2019
Сегашниот претседател на Бразил, Болсонаро, често е на мета на активистите за зачувување на животната средина поради своите намери да ги укине еколошките казни, кои според нив се главно средство за обезбедување на почитта на еколошките правила.
Тие го критикуваат и поради можноста Бразил да го напушти Парискиот договор на Обединетите нации за климатските промени.