Aктерката Жулиет Бинош во гламурозно издание се појави на вчерашната премиера на филмот La Bonne Epouse на филмскиот фестивал во Цирих. Бинош избра свилен костим во боја на сафир, под кое не носеше ништо.
Костимот со модерен крој го истакнува нејзиното деколте, а го комбинирала со панталони ѕвонарки, кои се хит и сезонава. Познатата актерка е една од ретките во својата бранша што не подлегнала на модерните техники за подмладување. Таа има 56 години и не секогаш ги истакнува облините типични за една жена во средните години.