Журка со огномет за 25. роденден на милионерката Кајли Џенер

By

Кајли Џенер го прослави својот 25. роденден во препознатлив стил за семејството Кардашијан – Џенер. За роденденденот Кајли одбрала тесен розев фустан со исто таква боја чевли.

dobivaj vesti na viber

Денот го започнала со лежерен појадок со нејзините познати сестри и најдобра пријателка, додека прославата продолжила со огномет, забава и ноќно излегување во градот со нејзиното момче. Иако има само 25 години, Кајли веќе има две деца со момчето Тревис Скот, ќерката Сторми и синот кој накратко го нарече Волф, но подоцна се предомисли.

Кајли на социјалните мрежи објави и фотографии со кои се потсети как го прославила нејзиниот прв роденден.

Кајли е позната како најмладата милионерка во Америка, а за неа пишуваше и Форбс. Кајли потекнува од богато семејство кое благодарение на реалното шоу, но и дека зад неа стои нејзината мајка Крис Џенер, која направи бренд од нејзините ќерки.




 



Ќе ви се допадне